Home Актуелно Сончева среда со мала облачност

Сончева среда со мала облачност

Денеска во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура од 17 Целзиусови степени. Маврово 7, Охрид 13, Битола 15, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Дојран 18.

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…