Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, среда, 16. март, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови.
Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има слаб повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка и Берово 11, Кавадарци 16, Дојран 17.
Утре ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите значително ќе се намалат и повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.