Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска, среда, 13. јули, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 Велзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре вдолж пошироко Повардарие ќе засилува. До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.