Сончева среда со слаб ветер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во среда во Македонија ќе преовладува претежно сончево време, со свежо утро и слаб до умерен северозападен и западен ветер. Минималните дбевни температури ќе се движат од 2 до 13 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе се движи од 7 до 28 степени.

Според метеоролозите до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со зголемена облачност и локален краткотраен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

И во четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во сабота.