Сончева и топла среда со температури до 30 степени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло, наместа со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 22, Битола 25, Кавадарци 29, Крива Паланка и Берово 23, Дојран 30.

И за утре прогнозата за времето е сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 17 во Маврово, Охрид 22, 28 во Сопје, до 29 во Кавадарци и 30 степени во Дојран.