Home Актуелно Сончева и топла среда, од утре заладување и дожд

Сончева и топла среда, од утре заладување и дожд

Денес, втори октомври, во Македонија ќе имаме сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 30 степени

Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2).

Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…