Сончева и топла среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште денес, среда, 30 октомври, во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има од утре до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.