Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, среда, 16. август, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.