Home Актуелно Сончева и топла среда

Сончева и топла среда

Третиот августовски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 31, Битола 32, Крива Паланка 31, Берово 29, Кавадарци 36, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 29 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…