Сончева и топла октомвриска среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот дваесетти октомвриски ден за 2021 година, среда, во Македонија носи претежно сончево време, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток. За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.