Home Актуелно Сончев понеделник со пролетни температури

Сончев понеделник со пролетни температури

Времето во Македонија денеска, 21. февруари, ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 18 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 14, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 20.

Утре времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 11 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…