Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И овој ноемвриски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умеран, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала облачност, попладне со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 12, Битола 13, Берово 11, Кавадарци 14, Дојран 17.
Под влијание на продор на студена воздушна маса во утре ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.