Сончев, но посвеж и ветровит четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вториот ден од месец септември во Македонија носи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени. Маврово 19, Охрид и Битола 25, Крива Паланка и Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 30.

Утре и задутре ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.