Сончев и топол вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и тивко време очекуваме овој вторник. Сосема мала локална облачност ќе има во попладневните часови.

Температурата ќе има минимум низ котлините помеѓу 4 и 8 степени. Дневната температура останува релативно висока. Повторно најтопло на југот на повардарието, околу 24, а во северниот крај од овој регион околу 23 степени. Низ останатите котлини температурата ќе има вредност помеѓу 19 и 22 степени.

Скопскиот крај очекува мала облачност, односно претежно сончево време. Температурата ќе има максимална вредност околу 23 степени.