Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешниот, петти јулски ден, во Македонија претпладне носи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот.