Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Денешниот ден, 6. јули, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 34 степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 35, Дојран 37.

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…