Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Денешниот јулски вторник во Македонија ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и дневна температура од 31 Целзиусов степен, Маврово 23, Охрид и Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 33.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 22 до 35 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…