Сончев и топол последен септемвриски ден


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето во Македонија денес, 30 септември, последен ден за овој месец, ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 32 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.