Сончев и топол последен мартовски понеделник


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последниот мартовски понеделник и претпоследен ден од месец март во Македонија носи сончево време со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната темпертура ќе се движи од девет до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната темпертура до 17 степени.

Од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места.