Advertisements
Актуелно

Сончев и топол последен мајски четврток

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе бодат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 22, Битола и Крива Паланка 24, Кавадарци 28, Берово 23, Дојран 30 степени.

Временската прогноза и за утре е сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Каввадарци 27, Маврово 15, Охрид 22, Прилеп 23, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 20, Дојран 28.

За време на викендот ќе имаме облачно и нестабилно време со попладневни поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Дневните температури ќе бидат од 19 до 27 степени.

Advertisements
To Top