Home Актуелно Сончев и топол последен августовски ден

Сончев и топол последен августовски ден

Последниот ден од месец август времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 32 степен, Маврово 22, Охрид 26, Битола 30, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 33.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и рано попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, а особено вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…