Сончев и топол понеделник, утре облачно и врнежливо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој понеделник кај нас носи сончево и малку потопло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Дневните темепратури ќе се движат во интеревалот од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со темература до 24 степени. Во Маврово дневната тмпература ќе достигне до 14 степени, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 23, Берово 17, Крива Паланка 19, Дојран 25 степени.

Утре времето ќе биде малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 13, Крива Паланка 17, Дојран 23.