Home Актуелно Сончев и топол понеделник

Сончев и топол понеделник

Денес, понеделник, 5 август, времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој ќе има тенденција за краткотрајни засилувања долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 степени.

Следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…