Home Актуелно Сончев и топол петок – еве какво време не очекува за претстојниот викенд

Сончев и топол петок – еве какво време не очекува за претстојниот викенд

Денеска, петок, 6 јуни, времето во Македонија ќе биде и сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…