Сончев и топол неделен ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 13, Крива Паланка 16, Охрид 18, Битола 19, Кавадарци 21, Берово 15, Дојран 22.

И во наредните денови времето ќе биде сончево и потопло. Утре дневните температури ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени, а во вторник од 19 до 24 степени. Во среда ќе има мало наоблачување со повремен локален дожд и со умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени.