Сончев и топол четврток со услови за попладневна дестабилизација


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денешниот ден, четврток, 17. јуни, во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, а веќе од попладне се очекува локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

За следните денови, синоптичарите најавуваат слично време, а во сабота на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.