Сончев и топол четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот апрлиски четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Почести сончеви периоди ќе има во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 12 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 12, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 18 , Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 22

Под влијание на нов влажен бран веќе од утре кон крајот на денот се до сабота повторно ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Во овој период, дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.