Сончев и топол четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 25 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.