Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот јануарски четврток наутро носи услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 6 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 2, Битола 5, Крива Паланка 2, Берово 0, Кавадарци 8, Дојран 10.
Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Преку денот повремен дожд ќе има во планинските региони на западот и истокот каде ќе има и појава на снег понекаде и на пониските места. Кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои потоа ќе се прошират и во останатите региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе се движат од 2 до 10 степени.