Home Актуелно Сончев и посвеж вторник

Сончев и посвеж вторник

Четвртиот октомвриски ден за 2022 година во Македонија носи сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. Маврово 11, Охрид и Битола 18, Крива Паланка и Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 22.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. Утре ќе дува повремено засилен, а потоа слаб до умерен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…