Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот ден од август во Македонија носи претежно сончево и многу топло време, со слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.
Под влијание на многу топла воздушна маса денеска времето ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што на повеќе места ќе надминат 35 Целзиусови степени – Скопје 37, Маврово 29, Охрид 33, Битола 34, Крива Паланкаи Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 26до 36 степени.