Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деветнаесеттиот августовски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20, а максималните ќе се движат од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени. Маврово 25, Охрид 29, Битола и Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 33, Дојран 35.
Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде и во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.