Home Актуелно Сончев четврток

Сончев четврток

23-от мартовски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До крајот на неделава времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во сабота, кога кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во почетокот на следната седмица, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…