Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Соња Магдевски од Тетово од 2006 година е сопруга на славниот холивудски актер и режисер Емилио Естевез, кој е брат на Чарли Шин, а син на славниот Мартин Шин.
Соња и Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Но, сепак, иако е дел од едно од своевремено најпопуларните холивудски семејства, Соња е далеку од холивудскиот живот со својата професионална определба.
Оваа тетовчанка во САД ужива во правење вино, а од пред некое време и крафт пиво. Заедно со Естевез поседуваат многу хектари плантажи каде што одгледуваат најквалитетно грозје. Сопственици се на винаријата „Каса Думез“ и на крафт пиварата „Бабис Бир Емпориум“.
Покрај тетовското, Магдевски има и ресенско потекло. По професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“. Нејзините фамилијарни бизниси, винаријата и крафт пиварата се прогласени за дел од најбрзорастечките бизниси во Америка.
Во многу прилики славното семејство се дружи заедно со роднините на Соња од Македонија, а браќата Чарли и Емилио се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети. Тие дури и знаат по некоја пцовка на македонски. Емилио за разлика од Чарли Шин е многу смирен и фамилијарен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња, беше во брак со пејачката Пола Абдул, а кратко беше верен и со Деми Мур. Тој има две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.