Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тажна беше денешната прес-конференција која Лионел Меси ја одржа на Камп Ноу во Барселона.
Аргентинецот не можеше да ги задржи солзите уште на стартот, се појави во солзи, едвај зборуваше.
„Не знам воопшто што да кажам, не сум спремен за ова…Тешко се носам. Последната година беше тешка поради ситуацијата минатото лето. Јас и моето семејство верувавме дека ќе останеме тука, затоа што ова е мојот дом. Тука ни беше прекрасно, но ете, морам да кажам збогум. Целиот живот сум тука, после 21 година заминувам со моите три мали каталонски Аргентинци. Ова е мој дом, благодарен сум за се. На сите мои сегашни и поранешни соиграчи, на сите во клубот“.
„Се што поминав тука ме направи човекот кој сум денес. Дадов се за овој дрес. Ви благодарам на поддршката која ми ја дававте во текот на годините. Никогаш не помислив дека можам да заминам на ваков начин, никогаш не размислував за простување“.
„Заминувам, а не сум ги видел нашите навивачи повеќе од година ипол поради пандемијата. Ако морав да заминам, сакав тоа да се случи пред полн „Камп Ноу“, но ете мораше да биде вака. Повторувам, ви благодарам за целата љубов, имаше убави и тешки моменти, но поддршката секогаш беше тука. Би сакал еден ден да се вратам и да бидам повторно дел од најдобриот клуб во светот. Многу размислував што да кажам, меѓутоа немам зборови едноставно…“