Солзи радосници: Навивачите на Челзи ја расплакаа сопругата од Конте (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челзи ја прослави титулата со спектакуларниот натпревар против Вотфорд на „Стемфорд Бриџ“, на што емотивно реагираше сопругата на Антонио Конте.

Навивачите на „сините“ неколку пати го изивкувааа името на својот менаџер, а госпоѓата Елизабета Мускарело не успеа да ги задржи солзите.

Таа не беше на премногу натпревари во тековната сезона, бидејќи со ќерката Виторија живее во Италија, па најверојатно не беше свесна за тоа колку нејзиниот сопруг е сакан во Западен Лондон.