Солзи кај роднините од убиените: Фетаи најави нови докази за „Монструм“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СЈО со обвинение за тероризам ги товари обвинетите Фејзи Азири, Алил Демири, Сами Љута, Агим и Африм Исмајиловиќ. Сејди Рамиу е ослободен од обвинението а тој и претходно доби ослободителна пресуда од Кривичен суд.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека на Алил Демири и Африм Исмајиловиќ кои се во бегство, ќе им се суди во отсуство. СЈО го презема случајот Монструм од Основното јавно обвинителство откако Врховен ги поништи одлуките на Кривичен и Ачелационен суд, по што беше донесена одлука обвинетите да се бранат од слобода.

Додека таа го читаше старото обвинение, роднините од убиените кои беа во судницата не можеа да ги задржат солзите.

Пред еден месец беше откажано претходно закажаното рочиште за овој случај бидејќи од здравствени причини Фејзи Азири не дојде на суд. Тој на 17 април со полиција беше однесен во затворот во Штип каде служи казна за друго дело.