Солзавец, шок бомби, повредени и приведени на синоќешните протести пред Собрание


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа во Скопје, за време на протестот пред Собранието на Македонија поради потпишувањето на договорот помеѓу министрите за надворешни работи и премиерите на Македонија и Грција во Нивици, дојде до судири помеѓу полициските сили и демонстрантите.

Голема група граѓани пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец и шок бомби за да ја растера групата која ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата во акцијата употреби и окопни транспортери.

Вечерва групата пред Собрание е растурена, но потоа помали групи демонстранти се судираа со полицајците низ улиците околу Собранието. Демонстрантите фрлаа пиротехнички материјал, факли, петарди, камења и шишиња.

Повредени се седуммина полицајци, а до сега  се приведени 25 лица, соопшти МВР вечерва.

Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.

На протестите беа присутни Јанко Бачев од Единствена Македонија поранешните пратеници Солза Грчева, Филип Петровски и Александар Пандов.