Солунскиот суд денес ќе одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес на пладне, во солунскиот суд, ќе биде одржано судското рочиште за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, по барање на Министерството за правда на Република Македонија. Тие претходно поднеле барање за азил до грчките власти, како што пренесе Макфакс.

Претходното рочиште за лажните пасоши со кои беа фатени во Солун, не се одржа, бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кои исто така биле заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај.

Ексразузнавачите во тренерки и капути со лисици на рацете беа донесени во придружба на полиција. На минатото судење имаше овластен судски преведувач, кој ги преведуваше прашањата на судијката, а беа присутни грчка адвокатка и адвокатот од Скопје Петар Василев. Адвокатите за „Макфакс“ изјавија дека ќе бидат подготвени за денешното рочиште.