Солскјер „сочно“ го наплати отказот од Манчестер Јунајтед


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот норвешки фудбалски репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Oле Гунар Солскјер, во ноември доби отказ на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Солскјер тренер на „црвените ѓаволи“ беше од март 2019 година и ги водеше на 149 натпревари. На клупата на Јунајтед помина 78 натпревари во кои забележа 33 нерешени средби, 78 победи и 38 порази. Привремено до крајот на сезоната него го наследи Ралф Рагник кога се очекува да пристигне нов менаџер.

После скоро три ипол месеци од отказот норвешкиот стратег доби вистинско богатство како оштета. Манчестер Јунајтед потврди дека на него и неговиот стручан штаб му се исплатени 10 милиони фунти, од кои седум и пол доби Солскјер.

Во кариерата Солскјер работеше во вториот тим на Јунајтед, два пати во Молде и Кардиф.