Солскјер пред дербито: Не можевме да посакаме подобар меч во овој момент!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер смета дека утрешното дерби со Манчестер Сити доаѓа во вистински момент после дебаклот во мечот против Евертон.

„Црвените ѓаволи“ загубија со 4:0 на „Гудисон Парк“, а до крајот на неделата им претстојат две дерби средби против Манчестер Сити и Челзи.

„Дербито со Сити е најдобриот меч кој што можевме да го посакаме во овој момент. Зборувавме после поразот од Евертон и сите фудбалери беа разочарани и вистински повредени. Затоа сметам дека мечот со Сити е перфектен во овој момент“, изјави Солскјер.

„Фановите силно ќе не поткрепуваат, но треба да дадеме се од себе си. Треба да се браниме добро и да бидеме спремни на нивната агресивност. Нема да ни дозволат да развиваме контранапади, бидејќи ќе имата многу фудбалери напрад кои ќе прават пресинг“.

„Мечот против Евертон беше еден од двајата најлоши на тимот откако сум јас тука. Убеден сум во својот тим и во себе си. Имам одличен однос со сите фудбалери, но носам одлуки во името на клубот. Се обидувам да им помогнам на играчите, но го правам тоа што мислам дека е правилно за клубот“, додаде Солскјер.