Солскјер носи норвешки „вундеркинд“ во Манчестер Јунајтед (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер е многу блиску да го договори трансферот на најголемиот талент на норвешкиот фудбал.

Станува збор за 14-годишниот Исак Хансен-Аероен, кој во моментов е член на академијата на Тромсо. Тамошните медиуми тврдат дека во наредните денови Манчестер треба да го комплетира трансферот и да го „украде“ талентот пред носот на Ливерпул.

Исак во моментов има само 14 години и може да потпише само преддоговор, а официјално ќе премине на „Олд Трафорд“ кога ќе наполни 16 години и ќе може да потпише професионален договор.

Минатата година норвешкиот талент помина пробен период во Ливерпул и „црвените“ беа во пол-позиција за неговиот потпис.