Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оле Гунер Солскјер доби перманентен договор во Манчестер Јунајетд и на лето ќе има одврзани раце да состави тим по своја мерка.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер е спремен да направи голема реконструкција на тимот и ќе добие голем буџет за засилувања.
„Црвените ѓаволи“ на лето сигурно ќе останат без Андер Ерера, кој се договори со ПСЖ и ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ како слободен агент. Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер има „луда“ идеја за тоа кој би можел да го замени Шпанецот на „Олд Трафорд“.
Солскјер во својот тим ја сака ѕвездата на Челзи и актуелен светски шампион со Франција, Нголо Канте. Оваа информација ги изненади сите на Островот, но „Мирор“ тврди дека постојат шанси за трансфер.
„Канте игра на вештачка позиција. Тој не може да настапи на своето место поради Жоржињо, па тоа ќе се обиде да го искористи Јунајтед“, вели новинарот на „Мирор“.
Канте неодамна го продолжи договорот со Челзи и е еден од најважните играчи на „сините“. Поради тоа ваквиот трансфер во моментов изгледа како „невозможна мисија“.
Притоа, за Французинот силен интерес покажуваат уште ПСЖ и Реал Мадрид, па доколку Челзи сепак се реши да го продава, сигурно ќе преферира продажба надвор од Премиер лигата.