Advertisements
Спорт

Солскјер ги нападна медиумите: Водите негативна кампања против Погба!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер негира дека Пол Погба е несреќен во клубот и сака да ги напушти „црвените ѓаволи“, велејќи дека медиумите влијаат дека се води негативна кампања за францускиот репрезентативец.

Најпрвио самиот Погба потврди дека е спремен за нов предизвик во кариерата, а неодамна и неговиот агент Мино Раиола изјави дека Французинот сака да си замине од „Олд Трафорд“.

„Агентите постојано зборуваат. Како што реков, ние не сме добиле никакви понуди за него од други клубови. Тоа е се што можам да кажам за случајот. Има негативна кампања против Пол, тој е топ играч. Вистински професионалец, никогаш сум немал проблеми со него, има златно срце“, изјави Солскјер на пресконференцијата во Перт.

Солскјер исто така негираше дека дошло до расправија помеѓу Погба и Лингард. Вчера клубот објави видео, а медиумите веднаш потенцираа дека на него се гледа вербална расправија помеѓу двајцата фудбалери.

„На пример, Џеси и Пол одат еден до друг, а тоа се објаснува како расправија меѓу нив. Знам дека сте тука за да ги продадете своите приказни и да ја завршите вашата работа, но нема проблем помеѓу двете момчиња. Тие се професионалци, а нашата подготовка е многу повеќе од успешна“, заклучо Оле.

Advertisements
To Top