Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Финската компанија „Solar Food“ (,,Соларна храна”) планира на пазарот да лансира нов вид протеинско брашно наречено Солеин.
Солеин брашното е добиено од јаглерод диоксид, вода и електрична енергија добиена од сончеви панели. Станува збор за вбисоко протеинска материја , што личи како брашно и содржи 50 проценти белковини , 5-10 проценти масти и 20 до 25 проценти јаглеродни хидрати.
Има изглед и вкус како пченичното брашно ,а по промоцијата во 2021 би можело да стане една од главните прехрамбени производи.
Според компанијата Solar Foods, ваквото производство не зависи од земјоделското и на него нема влијание зедмјиштето , климатските услови или количеството на врнежи.
Компанијата соработува со Европската вселенска агенција (ЕСА) на развој на храна што би се проиведувала надвор од нашата пламнета, а самата идеја за Солеин доаѓа од НАСА. Освен што е храна за прехрана на голем број луѓе , Солеин е совршена за вселенските патувања.
Резервоарот за производство на оваа храна е во форма на мал апарат што може да се користи за производство на храна во вселената.