Соколи: Да командував јас не 18, туку 200 убиени ќе имаше во Диво Насеље


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сами Укшини, познат како командант Соколи денеска на продолжението на судскиот процес за случајот Диво Насеље изјави дека осумтемина убиени препадници на МВР во минатогодишните немили кумановски настани, не ги убиле тој или некој од групата.

Во нив е пукано од нивните колеги полицајци со тешко оружје. Можам да кажам дека предводници на групата која беше во Диво Насеље беа Бег Ризај и Мирсад Ндрцај. Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата но тие одбија. Еден член од групата, Шефќет Калачи, на 9 и 10 мај преговараше со ОБСЕ целата група да се предаде. Но, од ОБСЕ ни беше кажано дека и после 3 часа преговори, челниците на МВР одбивале да се предадеме, изјави Укшини.

Да бев јас командант, на 9 мај 2015 година немаше да има 18, туку 200 убиени. Јас не сум толку наивен, рече денеска во Судот Укшими. Тој рече дека мисија на кумановската група била реализација на Охридскиот рамковен договор. Сами Укшими рече дека не е терорист, туку патриот и дека дошол во Македонија за да ги брани правата на Албанците.

На прашање од одбраната дали можеше да биде полошо од тоа што се случи, Сами Укшими одговори потврдно. Ако знаете дека во една населба има 32 луѓе, рече тој, а напаѓате со 900, тогаш мора да знаете дека може да биде полошо.

Да бев командант и да ме нападнеа 900 луѓе, не 18, туку 200 ќе беа убиени, рече тој пред Судот.

Единственото оружје кое го имал бил калашников АК 47. Според него, полицијата имала цел да ја ликвидира целата група, а не да ги приведе. Од косовската група претходно најавија дека во нивните сведочења ќе бидат споменувани полициски службеници, како и политички активни личности.

За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица. Во нападот беа убиени осуммина полицајци, припадници на слецијалните сили, а беа ранети 37 нивни колеги. Обвинетите треба да одговорат на прашања за нивното учество во пукањето, да ја кажат својата страна за настаните кои се случуваа во Куманово.