Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е незадоволен од предложените решенија во Колективниот договор за високо образование кој треба да биде потпишан помеѓу СОНК и Владата. Во соопштението стои дека:
- СОНК во суштина не е мнозински синдикат на вработените во високото образование. Својата правна репрезентативност СОНК ја оправдува со своето членство од основното и средното образование;
- Значителен број на одредби од Колективниот договор не се во согласност со Законот за високото образование и со високообразовната и научноистражувачката дејност;
- Најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и ни оддалеку нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование;
- Платите во високото образование со години останаа непроменети, додека платите во другите дејности, како и минималната и просечната плата во Република Северна Македонија, постојано се покачуваа;
- Стандардот на вработените во високото образование драматично се намали, а платите во овој сектор се убедливо најниски во Европа;
- Најавеното минимално покачување апсолутно нема да придонесе за запирање на падот на стандардот на вработените во високото образование, кој се случува во подолг временски период. Поради тоа, Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје смета дека е потребно далеку поголемо покачување на платите на вработените во високото образование;
- Со овој Колективен договор вработените на најстариот и најголемиот Универзитет во државата остануваат и понатаму дискриминирани во однос на платите на вработените на другите државни универзитети;
- Коефициентите за плата на наставниот и ненаставниот кадар во другите дејности од јавен интерес се повисоки од коефициентите за плата предвидени во овој Колективен договор;
- Коефициентите за плата на ненаставниот кадар се далеку пониски од коефициентите во државната администрација;
- Досега склучените колективни договори во Република С. Македонија се со многу поповолни услови отколку овој Колективен договор;
Сојузот на синдикати на УКИМ бара во Колективниот договор Владата да ги земе предвид овие забелешки и предлози. Истовремено, го повикуваат Собранието на Република С. Македонија, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што побргу да донесе одлука и да ја овласти Владата да потпише Колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, кој реално ги изразува барањата и интересите на вработените на Универзитетот. Само на тој начин науката повторно ќе го врати своето достоинствено место во општеството, а вработените во високообразовните институции ќе можат непречено да ја вршат својата образовна и научноистражувачка работа во интерес на студентите и на иднината на државата.