Home Актуелно Сојот омикрон дојде и во Македонија – детектиран првиот случај

Сојот омикрон дојде и во Македонија – детектиран првиот случај

Од Министерството за здравство информира дека во Македонија, денеска е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер.

По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…