Сограѓаните на Луис Хамилтон го поздравија славниот возач: „Каква будала си ти!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон ги разлути и разочара своите некогашни сограѓани од неговото родно место со една негова изјава за својот роден град.

На доделувањето на наградите за личност на годината во организација на ВВС Sports, Луис Хамилтон со невкусни зборови се осврна на неговото родно место Стивенејџ, поточно неговите сиромашни квартови, потенцирајќи дека му е мило што заминал оттаму.

„За нас, како семејство, беше сон да направиме нешто поинаку. Да излеземе од тие дупки. Добро, не баш дупки, но да избегаме од оттаму и да постигнеме нешто. Си поставивме високи цели, но успеавме како тим“, изјави Хамилтон на сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

Граѓаните на Стивенејџ своето разочарување од ваквите зборови на Ф1 асот го изразија на социјалните мрежи, а некои саркастично заклучија дека „Стивенејџ веројатно е сиромашен кварт во однос на Монако“.

„Се прашувам колку далеку мораш да пешачиш за да стигнеш до вода во таа своја дупка. Ах, да, до славина“, „Тој го опиша Стивенејџ како сиромашен кварт. Каква апсолутна будала“, коментираа некои, а се јави и претседателот на градското собрание на Стивенејџ изјавувајќи дека тие како граѓани на тој град се прилично разочарани.

Инаку, Стивенејџ е град со 80.000 жители во кој цените на недвижнините се нешто повисоки од британскиот национален просек. Во Стивенејџ се наоѓа една од најуспешните фармацевтски лаборатории, а се горди и на црквата од 14. век, музејот, уметничката галерија и други симболи на градот.