Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Согласно одредбите од Преспанскиот договор потпишан меѓу Македонија и Грција за деценискиот спор за името на нашата земја, 136 државни институции од „македонски“ се преименуваат во „национални“.
Македонска опера и балет е преименувана во Национална опера и балет, Македонска пошта ќе биде Национална пошта, а Македонски шуми – Национални шуми. Новото име на Македонска радиотелевизија е национална радиотелевизија, а на Македонија пат – Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Музејот на ВМРО ќе се вика Музеј на македонската борба за самостојност. Ист останува називот на Македонскиот народен театар-МНТ
Владата на вчерашната седница донесе одлука за промена на називите на 136 државни установи согласно преспанскиот договор. Министерот за надворешни работи изјави дека новото име на МАНУ дополнително ќе биде утврдено.
– Во овој случај формалното име на пример на Армијата би била Армија на Република Северна Македонија, бидејќи тоа е сега уставно име на државата, но, на пример во случајот со Македонски народен театар, имаме етнички елемент и најверојатно ќе биде Македонски народен театар, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.
Се менуваат и досегашните кратенки на државните институции МЕПСО, ЕЛЕМ, НБРМ. Во сите установи се додава новото уставно име Република Северна Македонија. Ова важи и за Владата, министерствата, , претседателот, собранието, судовите, обвинителството и сите државни институции.
Министерот Димитров не прецизираше до кога треба да биде направена промената, рече дека тоа треба да се случи во разумен рок или согласно вообичаените административни практики, што е во духот на Договорот од Преспа.